Го чистел таванот и пронашол рачни бомби, шок бомби, куршуми …

0
26

Вчера во 08.25 часот во СВР Битола, Т.И.(60) од Битола пријавил дека при чистење на таванот од својот дом, пронашол 10 рачни бомби, четири топовски удари (шок бомби), два куршуми од 9мм и 4 куршуми од 7.62мм.

Во 09.20 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита ги подигнал експлозивните направи за понатамошна постапка, соопшти МВР.