Антициклонот над Македонија останува и за време на овој викенд!

0
18

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и за време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи, стабилно, суво, сончево и претежно тивко, со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови останува релативно студено, иако минималните температури ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите утрини.

Исто така, во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд останува стабилно, суво, сончево и претежно тивко време. Наутро ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 23 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 5  и 6 степени, додека максималната дневна температура за време на овој викенд ќе се искачи до околу 23 степени.

Уживајте во преубавото есенско време, со пријатни температури на воздухот преку ден за време на овој викенд, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk