Во Брисел, Белгија, на 65-годишнината од Штрумфовите, е отворена уникатна интерактивна изложба – Село на Штрумфовите, јавува Анадолу.
Изложбата нуди забавни активности, игри и модели на селото на Штрумфовите во природна големина, овозможувајќи им на посетителите да ги истражат нивните домови во облик на печурка, да се сретнат со ликовите и да учествуваат во активности за сите возрасти.
Со комбинација на класичниот шарм на стриповите за Штрумфовите и модерната технологија, оваа изложба овозможува ново авантуристичко доживување.
Благодарение на 3Д-проекциите и очилата за виртуелна реалност, посетителите можат да „летаат“ со штркот и да истражуваат девет тематски зони.
Авантурата трае околу 75 минути и е незаборавна за сите кои сакаат да се вратат во магичниот свет на Штрумфовите.
Штрумфовите, создадени од белгискиот карикатурист Пејо (Пјер Кулифор), за прв пат беа претставени во 1958 година и оттогаш стекнаа глобална популарност.