Обилни поплави во Шпанија, најмалку 13 загинати

Во регионот на Валенсија во Шпанија се забележани неколку жртви поради големите поплави. Претседателот на локалната самоуправа на провинцијата Валенсија извести дека спасувачките тимови во регионот на Валенсија ги пронашле телата.

Тој не кажа за колку луѓе станува збор. „Од почит кон вклучените семејства, не споделуваме повеќе информации“, им рече тој на новинарите.

Шпанскиот информативен канал RTVE претходно објави дека најмалку седум лица се водат како исчезнати. Службите за итни случаи трагаа по шест лица во градот Летур во провинцијата Албасете. Покрај тоа, во тек е потрага по возач на камион кој исчезнал додека се обидувал да помине низ провалија во Алкудија во провинцијата Валенсија.

Пороен дожд вчера ја зафати југоисточна Шпанија, поплавувајќи ги патиштата и градовите. Во делови на Малага и Валенсија, црвената шифра беше во сила некое време поради преголеми врнежи. Во најтешко погодените области, локалните власти ги советуваа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

На некои места за еден час наврнале 120 милиметри дожд. Сликите на социјалните мрежи покажаа поплавени улици. Поради лошите временски услови, училиштата, парковите и неколку пристаништа во Валенсија се затворени

извор: НОС Холандија