Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе реќам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече – „ѓубре“.
Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
„ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.
„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.