Територијата на Македонија се до крајот на оваа недела ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој постојано ќе условува стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, или ќе дува слаб променлив ветер.
Влажноста во воздухот ќе биде зголемена, а со оглед на тоа дека сме под влијание на Антициклон, по котлините ќе има појава на магла или на ниска облачност, особено во утринските и во претпладневните часови, која во текот на денот краткотрајно ќе ослабне, за во ноќните часови повторно да се создаде.
И во Скопската котлина ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност, додека во повисоките предели од котлината ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде претежно тивко, или ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат особено ниски и во поголем дел од Македонија ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека особено во Беровскиот регион таа повремено ќе се спушта и под -5 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, само во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува до 20 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1 и 2 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.