Премиерот Христијан Мицкоски денеска зборуваше за можноста да се оди на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во 2025 година.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да оди на избори утре, но не е тоа проблемот. Опциите се дали треба да трошиме парите на граѓаните, да застане системот за уште еднаш СДСМ се соочи со уште еден поголем пораз, или да избереме опција да работиме четири години. Јас би ја одбрал втората опција. Мандатот на оваа влада е четири години. Дали сме подготвени, да подгтвени сме нема никаков проблем, но носиме одлуки во интерес на граѓаните, а не во интерес на љубители на естрада. Би посакал двете опозициски партии во својата опозициска коалиција, програмски се освежат, кадровски и тоа да го покажат на следните локални избори“, рече Мицкоски.