Денешното утро е зимско во Македонија, со температури кои на многу места се спуштија под нулата, а времето е ведро и тивко, но по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност.
Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -6 степени, а највисока минимална температура во исто време е измерена во Охрид, и тоа 3 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени утринава до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
До крајот на неделава останува стабилното и суво време, со студени утра и со температури кои во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, температурите преку ден, особено од недела ќе бележат тенденција на пад, што значи дека ќе биде уште постудено.
Почетокот на следната седмица по се изгледа ни ја носи и првата бела покривка на планините, но околу ова официјални информации ќе имам во следните мои метео објави, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.