Пожар избуванал ноќеска во магацински простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт. Информацијата на пожарот за А1он ја потврди директорот Дејан Кошутиќ.
Во текот на ноќта имало пожарникари, а и утрово се таму.
Црн чад се крева од објектот. Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.
Штетата дополнително ќе се утврудива, во објектот немало луѓе.
извор: А1он