На 06.11.2024 во 23.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување кражба во тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи. Кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената. По извршени проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Related Posts
Нови цени на нафтените деривати од полноќ
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени…
Двајца Македонци осомничени за брутално убиство во Белгија
Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни…
Доктор Јовев добил „наредба“ да ја напушти канцеларијата на Кардиологија
Наредба за напуштање на канцеларијата на Клиниката за кардиологија е испратена до проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас,…