ЦУК: Паднал од чамец во Дојранско Езеро, го спасила полицијата

Гранична полиција во Дојран вчера спасила лице кое паднато од чамец во Дојранско Езеро, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Според информациите од Регионалниот ЦУК Струмица на Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11:08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

Веднаш по известувањето на Полициската станица Гевгелија, Гранична полиција која била на терен итно интервенирала спасувајќи го лицето и извлекувајќи го неговиот чамец.