Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, иронично ја коментираше изјавата на Володимир Зеленски дека со Доналд Трамп разговарал за „планот за победа“.
„Дали разговаравте со Илон Маск за вашиот лет до Марс? Многумина би ви помогнале финансиски“, напиша Захарова на Телеграм.
Да потсетиме, Володимир Зеленски беше еден од првите политичари што му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.