Зимски температури во Македонија и денес

Денешното утро во Македонија повторно донесе зимски температури на воздухот, но сепак, поради облачноста денес наутро тие беа повисоки за разлика од изминатите утрини.

На картата можете да ги погледнете денешните утрински минимални температури измерени во Македонија.

Инаку како што и најавив, изминатата ноќ во источните, а посебно во североисточните предели имаше нови врнежи од снег, со што дојде до формирање на нова снежна покривка. Врнежите од снег во Криво Паланечкиот крај создаваа  и проблеми на патиштата.

Во следните денови повторно ќе имаме нови врнежи кои ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Особено во четврток и петок, поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег повторно ќе има и на некои места со помала надморска височина (населени места), најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk