Вчера во 11:11 часот, како и секоја година во Германија, започна сезоната на карневали што носи симболичен назив „петта годишна доба“, а која оваа година одбележува два века од своето постоење, јавува Анадолу.
Со шарени костими и музика, учесниците го започнаа празникот на 11 ноември со традиционалното будење на ликот Хопедиц, симболот на хуморот и сатиричната критика.
Карневалот во Дизелдорф трае до „пепелна среда“ наредната година и е еден од најголемите карневалски настани во Германија, заедно со познатите карневали во Келн и Мајнц.
Овие настани привлекуваат илјадници локални и странски посетители, кои се собираат да ја проследат карневалската поворка и многубројните настани што се одржуваат низ градот.