Почина Миодраг Костиќ, бизнисменот познат како „српскиот крал на шеќерот“

На 65-годишна возраст почина познатиот српски претприемач Миодраг Костиќ, основач и претседател на МК Груп, јавува Б92. Костиќ, нарекуван „српскиот крал на шеќерот,“ беше познат како еден од највлијателните лидери и визионери во Југоисточна Европа.

„Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ. За време на својата 40-годишна активна професионална кариера, тој го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот,“ соопшти компанијата, истакнувајќи дека неговото влијание беше особено забележително во земјоделството, туризмот, енергетиката и банкарството.

Пет години пред смртта, Костиќ се повлече од раководните функции во компанијата, пренесувајќи ги на својот син Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.