Мечка се спушти низ улиците, во близина на населените места, на едно кривопаланечко село. Оваа информација ја споделија од Ловното здружение „Славишко поле“.
– Ловци, ценети жители на општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! – соопштија оттаму.
Потсетуваат дека застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра.