Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.
Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.
Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов…