Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег од починат донор и ќе продолжат да живеат

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.

-Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

-Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.

 

 

denesen.mk