Премиерот Христијан Мицкоски заедно со претставниците на двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор за зголемување на платите на вработените во здравствениот сектор.
„Постигнат е историски договор. Освен корекцијата на коефициентите, зборуваме за зголемување за 10 насто на платите, од март месец следната година имаме зголемување за нови 5 проценти на паричната маса која се издвојува за здравствените работници. Следната 2026-та од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот. Се надеваме дека ќе биде во здрава кондиција, работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во следната 2027-ма година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028-та година. Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна да се исплатат платите на здравствените работници помеѓу 40 до 50 проценти во следните неколку години, навистина нешто што претставува историско“, изјави на прес-конференцијата претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски
Огромно задоволство изразија и двајцата претставници на репрезентативните синдикати на здравствените работници, кој овој историски чин го оценија како резултат на работата на двата синдиката, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и директорот на Фондот за Здравство Клековски.
skopjeinfo.mk