Томовски: Нема да има злоупотреба на службените возила, сите ќе добијат таблички во боја

Директорот на Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски вели дека начекале девастирани институции и демотивирани работници. Тој ги посочи рестораните во Владата, Собранието и Клуб на пратеници кои немале основни намирници за непречено функционирање.

„Од 01.01.2024 година до 01.07.2024 кога практично СДСМ е на власт направиле промет од 73 илјади денари, толку имаат донесено по фискална сметка на СОЗР и сега за неполни четири месеци од 01.07.2024 до 01.11.2024 имаме промет од 585 илјади денари. Може да замислите што се се’ случувало“, истакна Томовски.

Томовски посочи дека од вкупно 120 возила во сопственост на СОЗР само 10 биле функционални.

„Ние како СОЗР ги опслужуваме сите вип личности со 45 шкоди секој три години се обновуваат на оперативен лизинг и имаме плус уште 120 возила кои се во наша сопственост на СОЗР. Кога го преземавме кормилото на службата функционираа 10, а останатите 110 возила не се грижеле и сервисирале воопшто од тие 110 ги ставивме барем 50% проценти во функција, а за останатите отпочната постапка за продажба според закон“, посочи Томовски.

 

 

 

skopjeinfo.mk