Силно невреме ги зафати Велика Британија и Ирска

Најмалку едно лице загина во бурата Берт, која ги погоди Велика Британија и Ирска, соопшти англиската полиција.

Полицијата во Хемпшир потврди дека маж на возраст од околу 60 години загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил, пренесува Скај Њус.

Противпожарната и спасувачката служба на островот Мен соопшти дека три лица биле спасени од возило кое останало заглавено на патот поради поплава.

Речиси 27.000 домови ширум североистокот, Јоркшир и Северен Линколншир денеска доживеаја прекин на електричната енергија, објави британската енергетска компанија „Нордерн Повергрид“.

Во исто време, во Ирска најмалку 60.000 домаќинства, фарми и бизниси останаа без струја поради невремето Берт, соопшти електродистрибутивната компанија „Ај-ЕС-Би Нетворкс“.

tv21.mk