Австралиската полиција викендов заплени рекордни 2,3 тони кокаин. Запленувањето се случило кога брод што го користеле осомничените бил бродолом во близина на брегот на Квинсленд. Уапсени се 13 лица, меѓу кои и двајца малолетни.
Според австралиската федерална полиција, дрогата била со улична вредност од 760 милиони австралиски долари (470 милиони евра). Дрогата била транспортирана од неоткриена јужноамериканска земја.
Апсењата во саботата и неделата уследија по едномесечната полициска акција, која беше покрената по дојава за голема шверцерска операција од страна на бандата Команчеро, позната банда со мотори која оперира во Австралија и Југоисточна Азија.
Видеото може да го видите на овој линк
извор: НОС Хоандија