Железничкиот сообраќај низ Велика Британија денес беше во прекин поради дефект во комуникацискиот систем, јавува Анадолу.
„Има дефект на националниот комуникациски систем на возовите“, соопшти Нешнал Рејл, наведувајќи дека дефектот е поврзан со радиосистемот.
Меѓу оние што се прекинати поради дефектот се услугите низ мрежата Гетвик Експрес, Грејт Нортерн, Саутерн и Тејмслинк.
Патниците се предупредуваат дека услугите може да бидат откажани, одложени до 15 минути или ревидирани.
„Очекуваме ова да продолжи до пладне“, соопшти Нешнал Рејл.