Наскоро поларен воздух ја зафаќа Македонија, температури и до -15 степени

Се поизвесно е дека ноќта недела кон понеделник, односно 15 спрема 16 Декември, како и во понеделник 16 Декември, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од многу поладен воздух од север, и истиот би условил повремени локални врнежи од дожд и снег, како и повремено силен ветер од северен правец, особено во понеделник на 16 Декември.

Барем одсега гледано во понеделник очекуваме многу постуден ден со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени.

Во вторник пак на 17 Декември би требало да има јак мраз на повеќе места во Македонија, и тоа во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а на високите  и планинските места тие ќе се спуштат дури и до околу -15 степени.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, со што јавноста ќе биде навремено информирана околу овој можен изразен ладен бран кој наскоро би можел да ја зафати Македонија, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk