На 9 декември 2024 година, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, спроведена е контрола на Бит Пазар. При акцијата, лишени од слобода се две лица, а пронајдени се повеќе од 40.000 парчиња пиротехника, како и тутун и цигари без бандероли.
Кај Б.И. (47) од село Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и значителна количина цигари без бандероли. Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се задржани во притвор и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396, став 7 од Кривичниот законик. При прегледот на импровизирана тезга, полицијата пронајде уште околу 14.000 парчиња