„Белата зграда“ – Блок за егзекуција на озлогласениот затвор „Седнаја“ во Дамаск

Затворот „Седнаја“ е една од темите за кои најмногу се зборува во јавноста по соборувањето на режимот на Башар ал Асад во Сирија изминатиот викенд, јавува Анадолу.

Дел од затворот, познат како „Белата зграда“, е блок за егзекуција, каде што е вршена тортура и каде што се убивани илјадници под соборениот режим на Башар ал Асад.

Фотографиите што пристигнуваат од внатрешноста на овој центар за измачување сведочат за улогата на „Белата зграда“.

Воениот затвор „Седнаја“, кој се наоѓа на 30 километри од Дамаск, стана место за масовни егзекуции и тортура по избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, со илјадници убиени и изложени на нехумани услови.

 

Извор: Анадолија