Судски совет демантира дека имало претрес во нивните простории

Немаше претрес, велат од Судскиот совет на Република Северна Македонија, демантирајќи ги наводите за извршен претрес во нивните простории.

„Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста дека по примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ“, стои во соопштението од Судски совет.

Истакнуваат дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и дека ќе продолжат да соработуваат со сите надлежни органи, како и дека се оградуваат од какви било влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.

 

 

slobodnaevropa.mk