Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вечерва изрази револт поради тоа што камион на „Комунална Хигиена“ според него го уништило украсувањето на празничната атмосфера во скопската населба Капиштец. Според Герасимовски, камионот на јавното претпријатие поминал низ Центар и ги искинал поставените сијалички.
„Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град за Нова Година, туку сега и го уништува тоа што општината го украси! Камионот на ЈП Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?“, реагираше Герасимовски на социјалните мрежи.