Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот бил со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го почуствувале и жителите на Дојран.
Неколку минути подоцна во истиот регион бил почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Десетина минути подоцна, земјотрес бил почувствуван и во северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.
kurir.mk