На 17.12.2024 во 12 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, со наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на Н.А.(25) од Велес, кој на 16.12.2024 во 20.30 часот на наплатна станица Сопот бил лишен од слобода затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја. При претресот била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Н.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила
Осигурителните компании вчера ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па…
Ленин објави видео како купува билет во готово во автобус на ЈСП и напиша: И сеа маќео шу праиме?
И сеа маќео шу праиме? – вака Ленин Јовановски, директор на приватната компанијата „Слобода превоз“, која учествува во јавниот превоз…
Фронтекс ќе ги штити македонските граници и безбедноста
Денеска (20.04.2023), по завршувањето на свечената церемонија по повод започнувањето на заедничката операција со ФРОНТЕКС, насловена „Северна Македонија 2023“, беше…