Газда од Србија им купил нови автомобили на работниците со најдолг стаж

Милисав Новичиќ, основач и сопственик на фирмата „Унипромет“ од Чачак, која вработува 660 луѓе, решил да ги „почести“ работниците со најдолг стаж и им подарил осум нови автомобили „Рено“, на 35-годишнината од постоењето на компанијата, јавуваат српските медиуми.

„Искрено, не се контролирав. Не ме интересираше што се случува со другите. Не ме интересираше ниту политиката, секогаш ги гледав моите деца, работниците и „Унипромет“. Овие работници се лојални, најдобри и ќе бидат најдобри, сигурно. И порано работниците добиваа заеми за куќи и станови, отсекогаш негував клима да ги задоволам сите, за да не може ниту еден работник да ми каже дека се расфрлам додека нивните деца гладуваат“, изјави Новичиќ, чијашто компанија произведува заштитни огради и панели против бучава за автопатишта.

„Имав автомобил пред ова. Поради некои околности, ден пред да го добијам автомобилот, го удри камион и го скрши лимот во задниот дел. Ова беше изненадување за мене на денот на прославата, не знаев ништо за ова“, изјави инженерот Будимир Ќуковиќ, кој е еден од работниците кои добиле автомобили од фирмата.

Новичиќ го привлече вниманието на јавноста уште кога им нудеше на работниците сами да си ја внесат висината на платата. Исто така, компанијата им помогнала на многу свои работници нудејќи им бескаматни заеми за куќи и станови.

 

 

 

infomax.mk