На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Related Posts
Бензините поскапуваат!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени…
Груби ја „цитира“ Олбрајт: Во пеколот има посебно место за мажите кои не им помагаат на жените
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска учествуваше на „Women…
Ковачевски – Рама: Односите никогаш не биле подобри, имаме заедничка европска иднина
Како дел од агендата за билатерални средби на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој во Лондон, премиерот…