Главниот град на Северна Македонија, Скопје, утринава е обвиен во магла, што предизвика загриженост кај граѓаните, јавува Анадолу.
Со нивоа на загадување што редовно го ставаат градот меѓу најзагадените во светот, алармите за јавното здравје повторно се вклучени.
Видливоста е значително намалена, пoради што сообраќајот е отежнат, а граѓаните со заштитни маски се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух и густата магла.
Во меѓувреме, според податоците објавени на веб-страницата Ајкју Ер (IQAir), Скопје се најде меѓу топ 10 градови со најзагаден воздух во светот.
Бројките покажуваат дека воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 156.
Главни причини за оваа состојба се фосилните горива, старите возила и индустриските испуштања, а географската поставеност на градот го задржува загадениот воздух.
Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините низ Северна Македонија. Во Скопје во текот на денот се предвидува сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер.