На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Related Posts
Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски-…
Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано…
Денес краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите
Денес кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе…