Денеска (21.12.2024) околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови. Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.
Related Posts
Како дојде до тоа земјава да нема доволно струја?
Капацитетите за производство на струја со децении се занемарени, а не се инвестира во нови. Земјава увезува една третина од…
Педијатрите алармираат – Нема антибиотици, а меѓу децата „вријат“ бактерии
Педијатрите алармираат дека нема антибиотици за деца во аптеките, а дека многу деца се заразени со бактерии на кои им…
Хрватска ќе спроведе кривична постапка за Македонска државјанка – го оставила детето во прегреан автомобил во Пула
Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало само во прегреан автомобил на државјанка на Македонија, при пеколни температури кои…