Денеска (21.12.2024) во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Пецаков: Започнавме со изградба на нова пешачка патека во стариот дел на градот
Започнавме со изградба на нова пешачка патека во стариот дел на градот. Патеката се протега од Плаошник до Канео и…
Пановски: Да се укинат маските во училиштата
Микробиологот Никола Пановски побара од Комисијата за заразни болести и од Кризниот штаб да се укине задолжителното носење маски во…
Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Меѓународниот ден на ромите
Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница. –…