Новизбраниот американски претседател, Доналд Трамп вети дека уште првиот ден од неговиот мандат „ќе го запре трансродовото лудило“.
„Ќе потпишам извршни наредби за укинување на родовото сакатење на деца и исфрлување на транродовите лица од армијата и од нашите основни и средни училишта“, најави Трамп на настан за млади конзервативци во Феникс, Аризона.
Тој додаде дека официјалната политика на САД по тоа прашање ќе биде дека постојат само два пола – машки и женски.