Сè повеќе докази дека руска ракета го погодила авионот на Азербејџан ерлајнс

Дел експерт велат дека доказите укажуваат дека авионот на Азербејџан ерлајнс е можно да бил погоден со ракета земја-воздух над рускиот регион Чеченија, пред да го премине Каспиското Море и да се урне во близина на Актау, Казахстан, кога загинаа 38 од 67 патници и членови на екипажот.

Кога патничкиот авион со 67 луѓе се урна на брегот на Каспиското Море во Казахстан рано на 25 декември, руските власти и државните медиуми беа брзи во посочувањето на можните причини: густа магла, удар од птица и потоа се појавија снимки кои покажуваат оштетување на моторот пред несреќата и експлозија на резервоар за кислород во кабината.

Но, сè повеќе докази покажуваат дека авионот на Азербејџан ерлајнс, кој се движеше од Баку за Грозни – главниот град на руската област Чеченија, можеби бил погоден од противвоздушна одбранбена ракета која бранела наводен украински напад со беспилотно летало врз Чеченија, пред да го премине Каспиското Море и да се урне во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 патници и членови на екипажот.

Доказите, од кои голем дел не се потврдени од властите во Азербејџан, Казахстан или Русија, вклучуваат снимки од внатрешноста на авионот пред падот, слики по несреќата од делот од опашката на авионот со дупка, коментари на преживеан и профили кои укажуваат дека имало сомнителен напад со дрон околу времето кога авионот очигледно се обидел да слета во Грозни.

slobodnaevropa.mk