На 05.01.2025 околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Related Posts
Мажи од Гостивар со оружје усмртиле коњи, полицијата ги приведе
Две лица од селото Лакавица, Гостиварско се приведени од страна на полицијата откако со оружје усмртиле два коња. „На 07.09.2023…
Владата даде согласност за испраќање војници на нашата Армија во мисии во Летонија, Либан, Ирак, БиХ и во Косово
На денешната владина седница, на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата…
205 санкции за прекршоци што ги прават пешаците
Во текот на вчерашниот ден (07.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска…