Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка

Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка како лидер на Либералната партија. Претставник на канадската влада изјави дека Трудо ќе остане на функцијата премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија.

„Имам намера да поднесам оставка како партиски лидер, како премиер, откако партијата ќе го избере својот следен лидер преку робустен, национален натпреварувачки процес. Синоќа побарав од претседателот на Либералната партија да започне тој процес. Оваа земја заслужува вистински избор на следните избори и ми стана јасно дека ако треба да водам внатрешни битки, не можам да бидам најдобрата опција на тие избори“ изјави Џастин Трудо.
Оставката доаѓа во услови на зголемено незадоволство од неговото раководство, а по наглото заминување на неговиот министер за финансии сигнализираше растечки превирања во неговата влада.

Трудо дојде на власт во 2015 година по 10 години владеење на Конзервативната партија и првично беше поздравен за враќањето на земјата во нејзиното либерално минато.