Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк и ќе работат само на итни предмети се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата, а од следниот вторник со истото барање почнуваат со протести најмалку четири министерства, вели претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.
Штрајкот во Дражавното правобранителство ќе трае се додека не им се исполнат нивните барања, кои освен додаток на плата се потпишување на колективен договор и носење на закон на државно правобранителска служба.
„Во минатото во неколку наврати имавме контакти и работна средба со новиот ДП од негова страна има волја да се реши проблемот , но проблемот на крај секогаш завршува во МФ кое треба да ги одобри средствата за исплата на додаток на плата. Се работи за многу мала група на вработени само за 120, и трошокот на МФ и трошокот на Буџетот би бил премал за да дозволиме овие работници да штрајкуваат“ вели Деаноски.
Деаноски вели дека утре ќе одржат состанок со синдикалната организација на министерствата, на кој ќе треба да се утврди кои се министерства ќе се приклучат и другите детали за протестот кој бил договорен да се одржи на 14 јануари. Досега, како што велат од УПОЗ, потврдено било дека протести ќе има во министерството за економија и труд, за правда, за администрација и за животна средина. Барањето за мислење од финансии Деаноски вели го поднеле пред да се изготви буџетот за годинава, но одговорот кој го добиле оттаму бил дека во државната каса немало средства за потпишување на овие колективни договори.
denesen.mk