Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, остана без работното место на тетовскиот универзитет. Груби кој е недостапен за органите за прогон од 15 декември и е осомничен во случајот „Државна лотарија“, отказ добил при крајот на минатата година. Веста за Телма ја потврди деканот на Правниот Факултет при тетовскиот универзитет, Сафет Емурли, објави Телма.

Уште од 24 декември му е прекинат работниот однос на Артан Груби како асистент по новинарство. По пошта и на службен имејл е пратено решението за отказот. Значи од тогаш веќе не е во работен однос на универзитетот, ни изјави деканот емрули.

Универзитетот не добил повратен одговор од Груби за отказот. Тој таму бил вработен во 2012 година, но заради вршење на јавна функција местото му било во мирување се до август, минатата година.

Груби од тогаш па се до напуштањето на државата во декември доаѓал на работа во универзитетот. Тој во меѓувреме конкурирал и на јавниот оглас за професор и постапката била во тек. Но, сега остана и без работата како асистен, а нема да има ни звање професор.

Од владејчаката коалиција Вреди реагираа дека тоа што Груби добил отказ, поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Оттаму прашуваат и како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?

Текстот во целост на: Телма