Патниците од САД, Канада и Австралија ќе плаќаат за влез во Велика Британија

Патниците од десетици земји, меѓу кои САД, Канада и Австралија отсега ќе треба да платат за да влезат во Велика Британија. Електронската шема за патничко овластување (ЕТА), која е слична на ЕСТА системот во Соединетите Држави бара од посетителите, на кои не им е потребна виза за да влезат во Британија, да се стекнат со дозвола за патување.

Дозволата чини 10 фунти (12,50 долари) и овозможува престој до шест месеци во период од две години. Таа првпат беше воведена во 2023 година и се однесуваше на патниците кои доаѓаа од Катар, а минатата година беше проширена на пет соседни земји од Заливот.

Сега е проширена дополнително, со уште педесетина земји и територии, од Аргентина, Бразил и Нов Зеланд, до Јапонија, Јужна Кореја и Карипските земји.

Со системот, кој за државјаните од тие земји стапи во сила денеска (8 јануари), граѓаните имаа можност да аплицираат од минатиот ноември. Шемата која се очекува да ја зацврсти граничната безбедност, ќе биде проширена на десетици земји и територии од ЕУ и Европа на 2 април.

Граѓаните кои ќе бидат опфатени со овој електронски систем, ќе можат да аплицираат за новата ЕТА – која преку апликација е дигитално поврзана со пасошот на патникот, од 5 март.

Според податоците на Британската влада, Велика Британија секоја година ја посетуваат околу шест милиони луѓе од САД, Канада и Австралија.

ЕТА исто така, важи и за деца и за бебиња, а таа ќе им биде неопходна дури и на патниците кои ја користат Велика Британија само како транзит.

 

 

 

slobodnaevropa.mk