Одземено бесправно посечено дрво во Прилепско

На ден 09. 01. 2025 година, шумочуварската служба на подружницата Црн Бор од Прилеп, во заедничка акција со Шумската полиција, во Шумско стопанска единица Селечка Планина, во место викано Шаторов Камен, извршила заплена на бесправно посечено багремово огревно дрво од непознат сторител.
Дрвата се одземени и однесени на складот на подружницата.