Туниски занаетчија со помош на свој тим од млади уметници ги оживува старите чевли со уникатен дизајн

Во Ла Гулет, северно од главниот град на Тунис, тунискиот занаетчија Шериф Зереви отворил голема работилница каде што заедно со младите колеги им дава нов живот на старите чевли, јавува Анадолу.

Работилницата има за цел да го спречи фрлањето на чевлите преку нивна поправка и трансформација во уникатни уметнички парчиња.

Со помош на својот тим, составен од млади уметници и занаетчии, Зереви работи на тоа да им даде нов живот на старите чевли, претворајќи ги во нови, модернизирани модели.

Освен поправка, тимот се фокусира на додавање нови дизајни во разни бои, при што секој чевел станува уникатен производ кој раскажува сопствена приказна.

Зереви преку своите проекти се фокусира на социјални и културни теми, инспирирани од богатата историја на Тунис, како и од светските култури.

 

извор: АНАДОЛИЈА