На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
Related Posts
Левица: Нема термини за прегледи за рак на дојка поради катастрофалната состојба во здравството
Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики на власта, ги остави жените без термини за преглед на рак на дојка,…
Транспарент на плоштадот Скендербег: Орелот има две глави, една е Митровица
Непознати лица синоќа на плоштадот Скендербег во Скопје поставија транспарент со порака која најверојатно е предизвикана од случувањата на северот…
СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл
Социјалистичката партија на Македонија укажува на фактот дека единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл е Владата, односно криминалните партии СДС…