Александар Вучиќ, претседателот на Србија, изјави дека денес добил известување од Азербејџан во врска со испораката на гас.
Уште една лоша вест нѐ погоди утрово. Добивме известување од Азербеџан дека од денес не можеме да се ослониме на 1,7 милиони кубни метари гас којшто секојдневно пристигнуваше. Од денес ќе почнеме многу посериозно да ги трошиме нашите резерви,изјави Вучиќ.
Се испостави дека било паметно што собиравме резерви. Имаме толку многу гас што можеме да го дополниме додека нѐ стаса нов малер. Се надевам дека Азербеџан ќе можат да го решат проблемот за еден или два месеци, а ако не е возможно, сметајте дека ќе мораме да трошиме резерви во следните четири месеци по 2 до 2 и пол, 3 милиони, изјави тој.
Испораката на гас, поради технички проблеми на подводен морски цевовод , како што наведуваат бугарски медиуми, е запрен и за Бугарија.