Шведска ќе го промени уставот за да одзема државјанство

Шведска се подготвува да го промени својот устав за да и дозволи да им ги одземе пасошите на оние кои добиле државјанство со измама или кои претставуваат закана за државата, објави денеска владата на земјата.

Доколку законот биде усвоен, на шведските граѓани со двојно државјанство, кои добиле државјанство со давање лажни информации, поткуп или закани, како и на оние кои се осудени за кривични дела како што се шпионажа или предавство, може да им бидат одземени шведските пасоши, објави Ројтерс.

„Позадината (на законот) е дека Шведска се справува со три паралелни и многу сериозни закани за нашата внатрешна безбедност“, рече шведскиот министер за правда Гунар Штромер на прес-конференција.

Стромер како закани ги наведе насилниот екстремизам, како и организираниот криминал.

Шведската малцинска влада и нејзините поддржувачи, екстремно десничарските и антиимиграциските шведски демократи, победија на изборите во 2022 година со ветување дека ќе продолжат со намалување на имиграцијата и криминалот на бандите, за кои рекоа дека се поврзани феномени.

 

vecer.press