Во зелки увезени од Македонија се откриени остатоци од пестицидот Имида – Клоприд, што е забранет во Европската Унија (ЕУ). Супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, пишуваат хрватските медиуми.
Хрватските инспектори уште на граница наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Македонија, но не објавуваат за колкава количина станува збор.
Комисијата на ЕУ има донесено забрана за употреба на овој пестицид, бидејќи делува штетно врз срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт.