Уртинава во нашата Македонија имаме променливо облачно и тивко време, а во многу котлини имаме појава на густа магла и ниска облачност, особено во оние котлини кои се наоѓаат во Пелагониската и Полошката котлина, и котлините во Повардарието, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина. Густата магла и ниската облачност се очекува да се задржи во текот на целиот денешен ден во овие котлини, па така и температурата ќе остане значително пониска и ќе биде многу ладно, за разлика од повисоките места, планините и Скијачките центри каде ќе биде значително потопло и без магла.
На картата можете да ги погледнете денешните измерени најниски минимални температури по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, пишува во својата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.